Клубови од Лос Анџелес донираат осум милиони евра за жртвите од пожарите

Дванаесет професионални спортски клубови од Лос Анџелес заедно донираа осум милиони долари на американскиот Црвен крст, пожарникарите во Лос Анџелес и други организации кои им помагаат на жртвите од големиот пожар што веќе неколку дена го пустоши најголемиот град во Калифорнија.

Клубови ќе дистрибуираат и спортска опрема и училишни материјали на оние кои се настрадани во вредност од три милиони долари.

И двете НБА екипи од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс, минатата недела ги одложија своите домашни натпревари, но ноќта од понеделник до вторник се очекува да се вратат во своите сали. Лејкерс ќе ги пречекаат Сан Антонио Спарс, а Клиперс Мајами Хит.