Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанската Влада го продолжи карантинот за своите граѓани до трети мај. Оваа држава е една од најпогодените од коронавирусот во светот, но ситуацијата се стабилизира.
Оваа одлука на Владата значи дека клубовите ќе почнат да тренираат од четврти мај, па сезоната би можела да почне по неколку недели, односно 30 мај.
Ако сезоната навистина продолжи на крајот на мај и ако се одвива според распоредот, натпревари ќе се играат секоитри дена, а првенството ќе заврши на 12 јули, додека натпреварите од Купот би можеле да се доиграат следната сезона.
Сепак, италијанските клубови бараат посебна дозвола за старт на тренинг од 27 април, каде што ќе бидат направени и посебни тестирања и прегледи на фудбалерите.
Оваа дозвола не би требало да претставува проблем за италијанската Влада затоа што играчите ќе бидат ставени под специјални медицински прегледи, што е неопходно.