Клупски рекорд на Лестер – Канте е на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Франускиот репрезентативец, Н Голо Канте е нов фудбалер на Челси.

За овој трансфер долго се шпекулираше, а денес стигна официјална потврда дека лондонскиот клуб доби ново засилување.

Канте потпиша 5-годишен договор со Челси, но финансиските детали не се познати.

Иако ја нема официјална сума на сајтот, британските медиуми соопштија дека се работи за сума од 36 милиони евра.

Канте во Лестер стигна во август 2015-та година од Каен за 7 милиони евра, а минатата сезона ја освои ПЛ.