Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Свечената церемонија за влез во кошаркарската „Куќа на славните“ е одложена за следната година поради пандемијата на коронавирусот.
Церемонијата требаше да се одржи на 29 август, а се шпекулираше дека датумот ќе биде променет за октомври, но сепак настанот беше одложен за 2021 година.
„Дефинитивно ја откажуваме прославата годинава. Одржување на церемонијата оваа година не е можна поради моменталната ситуација со коронавирусот. Свеченоста ќе биде во првите три месеци следната година“, кажа Џери Коланџело.
Во класата 2020 избрани се трагично настраданите Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин Гарнет, како и уште неколку познати тренери.