Коби и Џина добија споменик на местото на хеликоптерската несреќа 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарскиот свет ја одбележува втората година од трагедијата на Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија заедно со ќерка му Џина и уште седум лица.

Денеска беше поставен споменик тежок 72 килограми на местото каде што падна хеликоптерот, со натпис „Хероите доаѓаат и заминуваат“, а автор е Ден Медина.

Десетици луѓе дојдоа да им оддадат почит на починатите, а споменикот кој е во помала големина од природна, остана таму до крајот на денот и Медина ќе го поставува само на одбележување на денот на смртта.

На 26 јануари 2020 година на пат од Лос Анџелес кон спортската академија на Коби на кошаркарски турнир, пилотот Ара Зобајан при ризичен лет се урна и немаше преживеани во несреќата.