Кочов и Стојановски остануваат во МЗТ Скопје!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот шампион на македонската кошаркарска лига, МЗТ Скопје потпиша нови договори со тренерот Ѓорѓи Кочов, како и со капитенот Дамјан Стојановски.

Кочов одлично се покажа на кормилото на македонската екипа и ја оправда довербата која му беше дадена од страна на раководството.

Од друга страна, Стојановски со одличните настапи покажа дека е еден од предводниците на МЗТ Скопје, а во текот на минатата сезона постигнуваше по 14,8 поени во просек, четири скокови и 1,6 асистенции.