Коцка по коцка и ќе се склопи „тим од соништата“ на ветерани: Следниот што ќе пристигне е Дејвид Силва


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Давид Силва каде и да играше остави длабок белег. Беше омилен во Селта, Валенсија, а десет години таков беше случајот и во Манчестер Сити.

Договорот на Силва со Граѓаните ќе истече наскоро, тој ќе замине како слободен агент и со оглед дека има 34 години, време е да го потпише последниот договор во неговата кариера.

Досега имаше неколку опции во игра. Се споменуваше Интер на Бекам, во игра беше и Лас Палмас, но според Мирор, најблизу е да замине во Катар.

Имено, Силва на својата маса ја има понудата на Ел-Духаил, клуб кој веќе ги има во своите редови Марио Манџукиќ и Мехди Бенатија, познати имиња од европскиот фудбал.

Со носењето на Силва и фактот дека Манџукиќ и Бенатија веќе играат во тимот, може да се каже дека се создава ветерански „тим за соништа“ во земјата на Персискиот Залив.

Сè што остана е Силва да најде начин да го напушти Манчестер Сити, затоа што по десет години и грст трофеи, тој дефинитивно заслужи пристојно заминување.