Кое ќе биде првото големо засилување во тимот на Бекам?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Давид Бекам ја исполни својата цел и успеа да основа МЛС франшиза.

Легендарниот англиски фудбалер од 2020. година ќе биде на чело на тимот на Интер Мајами, а наскоро овој тим ќе го дополни својот ростер со останати фудбалери.

Освен фудбалерите кои ќе дојдат од другите тимови преку екпанзискиот драфт се очекува дека тимот на Бекам ќе има барем една голема звезда во првата сезона, а се лицитира со многубројни имиња.

Радамел Фалкао, Луис Суарез, Џејмс Родригез и Давид Силва се споменуваат како потенцијални засилувања, но засега најблиску до доаѓање во тимот е уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани.

Искусниот Уругваец е на излезот на вратите од ПСЖ. Американските медиуми тврдат дека спортскиот директор на Интер Мајами, Пол Макдонуг константно е во акција и дека веќе ги има исконтактирано овие големи имиња.

„Константно го информирам што се случува во тимот. Го замолив вчера лично да повика неколку играчи бидејќи тие од него посакуваат да чујат што нашиот тим навистина посакува. Неверојатно е тоа што може да го направи тој за нашиот тим“, порача Макдонуг.

Кавани е тој кој е најблиску до дресот на новата франшиза во МЛС. Уругваецот е спремен после шест и пол години да го напушти Париз, а ќе видиме дали тој ќе биде првата звезда во тимот на Интер Мајами.