Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ројстон Дренте во интервју за „442“ магазинот откри што се случувало во деновите поминати во Мадрид.
Дренте во 2007 година потпиша за Реал Мадрид, а денес се сети на тие времиња.
„Слушнав дека ме сакаат 16 клубови. Разговарав со претседателот на Барселона, па со спортскиот директор. Тогаш ги запознав сите големи спортски личности, поголем дел од нив ми нудеа петгодишни договори, но Реал си е Реал… Кога бев дете, бев фасциниран од Реал“, вели Дренте.
Тој открива дека бил топло пречекан во Мадрид, кадешто се чувствувал како дома, а негов најдобар пријател му бил Робињо.
„Веднаш се спријателив со Робињо. Понекогаш одев кај него дома, зашто во подрумот имаше ноќен клуб“, објаснува Дренте.
Дренте играше во Холандија на позајмица, а во 2012 година го напушти Мадрид.
„Имаше многу интерес од други клубови, но Реал и понатаму беше во мојата глава. Во Мадрид имав што ќе посакам, па другите не ми беа интересни“, вели поранешниот фудбалер на Реал.