Кога ќе му истече договор Клоп го напушта Ливерпул?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп говореше за својата иднина во Ливерпул и откри некои занимливи работи.

Имено, како што пренесуваат англиските медиуми, Клоп изјави дека не е сигурен за продолжување на неговиот договор со Ливерпул откако ќе му истече.

Наводно понуден му е нов договор, но тој одлучил да не го потпише, бидејќи сака да земе пауза откако ќе му истече моменталниот тригодишен договор.

„Ако почуствувам дека веќе не можам, тогаш ќе земам пауза од година дена и тогаш ќе одлучам што понатаму. Имам еден голем проблем, а тоа е дека не можам да ја контролирам мојата енергија. Или давам се или ништо“, изјавил Клоп.

Навивачите на Ливерпул се надеваат дека овој одличен тренер ќе потпише нов договор и дека ќе остане во нивниот клуб.