Кога ќе сфатиш дека токму пред цел стадион ја откриваш тактиката на својот тим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот од Ст. Петерзбург го совлада тимот на Томск, со 4-0, а на овој натпревар големо внимание привлече репрезентативецот на Србија, Бранислав Ивановиќ.

Тој на овој натпревар седеше на клупа, а по излегување од играта на неговиот колега Јуриј Жирков, одлучи да му укаже на одредени работи.

Додека ја објаснуваше тактиката, камерата го фати и беше прикажан на големиот екран, а негов соиграч го предупреди за тоа.

Секако, се заврши со смеа, а и Зенит се огласи на Твитер.

„Кога ќе сфатиш дека токму пред цел стадион ја откриваш тактиката на својот тим“.