„Кога ми е тешко, гледам снимки на Ѓоковиќ!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тенисерката од Романија, Андреа Присакариу откри дека го обожава српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој пред неколку дена го освои Австралијан опен по десетти пат.

Присакариу кажа дека ужива во настапите на Ѓоковиќ, а кога и е тешко, си пушта снимки од негови натпревари.

„Го гледав турнирот во Австралија, но само натпреварите на кои беше Ѓоковиќ. Тоа е цврст човек. Не можам да најдам добри зборови за да го опишам. Кога ми е тешко, пуштам негови снимки на Јутјуб за да ми биде подобро“, кажа Андреа.

Ѓоковиќ во моментов има 22 гренслем-титули, исто колку што има и Рафаел Надал, а со оглед на неговата форма, би можел да го надмине по број на пехари до крајот на сезоната.