Кога навивачите ја видоа новата фризура на Обамејанг, им стана јасно дека тој останува


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Пјер-Емерик Обамејанг ќе остане во Арсенал како што стојат работите, а се очекува да го продолжи неговиот договор.

Габонецот има договор со Топџиите до крајот на следната сезона, а во претходните месеци се појавија многу шпекулации дека го напушта Емирати. Но, се чини дека клубот успеа да го убеди да остане затоа што тие не сакаат да останат без својот најдобар играч.

Англиските медиуми објавија дека Обамејанг наскоро ќе потпише нов тригодишен договор, и ќе стане еден од најплатените играчи во тимот, што навистина го заслужил за неговите игри.

Објавата на Обамејанг на Инстаграм се чини дека дала доказ дека тој останува, а навивачите на Арсенал веруваат дека тој го сторил тоа намерно. Тој ја обои косата со боите на Арсенал и многумина веруваат дека на тој начин ги извести сите дека престојува.