Кога виде како ќе заврши натпреварот го соблече дресот на Сон и продолжи да навива за Челзи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во лондонското дерби со головите на Вилијан, Челзи на гости го победи Тотенхем со сигурни 0:2. Сон Хју-Мин беше исклучен во вториот дел.

Урнебесна сцена на трибините на најмодерниот стадион во Англија беше видена во финишот на натпреварот, а во центар на вниманието беше еден навивач од азиско потекло.

Од почеток на натпреварот на себе носеше дрес на Сон, но кога сфати дека натпреварот ќе биде завршен со пораз на домашните го соблече дресот на играчот од Јужна Кореа и ја покажа “осумката” на Френк Лампард од времето кога сегашниот тренер беше играч на сините.

Навивачот беше одлучен во намерата до крај на натпреварот да биде на страната на победничката екипа поради што за секој случај се припремил за двата можни исходи.

Симпатичниот навивач очигледно се излажал за својата првобитна проценка. Сон имаше уште еден меч за заборав бидејќи доби втор црвен картон оваа сезона.

На другата страна, Лампард постави одлична тактика, надмудрувајќи го Жозе Мурињо и покажа дека има перспектива да стане успешен тренер во иднина.