Кои се шансите на Ѓоковиќ против Алкараз?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе се борат за финалето на УС Опен. Ѓоковиќ рано изутринава го победи Тејлор Фриц по четири сета со 3:1 и го закажа деветтиот меѓусебен дуел со вториот играч на планетата.

Алкараз во четвртфиналето го победи Јиржи Лечечка, без големи проблеми како и на сите претходни натпревари во Њујорк, каде досега не е изгубил ниту еден сет.

Кога ќе се погледне статистиката на Ѓоковиќ и Алакарс на овогодишниот УС Опен, тие се прилично изедначени.

Ѓоковиќ има 62,1 процент успешност на првиот сервис, додека Шпанецот е за нијанса подобар (65,9).

На првиот сервис Новак освојува 83,7 проценти од поените, а Карлос 84,9 проценти.

Алкараз е значително подобар кога станува збор за вториот сервис (71,2 проценти), а седмиот тенисер во светот има 61,6 проценти освоени поени кога фрла втор сервис.

Ѓоковиќ, од друга страна, е далеку подобар кога станува збор за реализација на брејк топки (23/53, 50,9 проценти), а Алкараз искористи 23 од 60 колку што имаше до четвртфиналето (38,3 проценти).

Веројатноста Ѓоковиќ да победи е 26 проценти, додека на Алкараз му се даваат шанси од 74 проценти да се најде во финалето.

Фотографија: Принтскрин