Кој е „дебелкото“ кој го напаѓа Антони Џошуа?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антони Џошуа на 1. јуни во Медисон Сквер Гарден ќе го брани појасот, првак во тешка категорија против мексиканско-американскиот борец Анди Руиз.

Џошуа првично појасите од WBA, IBF, WBO и IBO требаше да ги брани против Џарел Милер, но тој падна дури на три допинг теста, па наместо него во комбинација влезе Руиз.

Се работи за човек кој во кариерата има само еден пораз. Го доживеа во 2016. година од Џозеф Паркер во борба за WBO титулата, но многумина веруваат дека судиите поради домашниот терен биле наклонети кон борецот од Нов Зеланд.

Руиз на прв поглед не изгледа како опасен боксер. Има прилично вишок на килограми, но неговите борби говорат дека се работи за навистина одличен борец.

Тој знае добро да се бори, секогаш е спремен за нокаут и иако делува како „дебелко“ и тоа како е брз во своите движења.