Кој е фаворит за потписот на Меси според обложувалниците?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кратко откако Лионел Меси му порача на раководството на Барселона дека сака да ја искористи опцијата од договорот за да се раздели со тимот, светските обложувалници објавија во кој клуб ќе се пресели Аргентинецот.

Според обложувалниците, најмал коефициент има за тоа Меси да се пресели во Манчестер сити, а тоа е 1,67.

Меѓу главните кандидати се уште и Интер (3,24), ПСЖ (4,58), Манчестер јунајтед (7,70) и Јувентус (10,5).

Следат Челси (12,5), било кој клуб од МЛС-лигата (14,5), Њуелс бојс (16), Милан (19)…