Кој е играчот кој му создал највеќе проблеми на Ван Дајк?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк не размислуваше многу кога го прашаа кој беше најтежок против кого играл.

Бидејќи натпреварите поради коронавирусот се суспендирани, многу фудбалери поминуваат време на социјалните мрежи за да одговорат на најинтересни прашања од своите следбеници.

Ван Дајк, беше запрашан, меѓу другото, кој е неговиот најтежок противник досега.

„Чував многу одлични напаѓачи, но сепак, најтежок дел беше играњето против Лионел Меси“, призна Ван Дајк.

Ван Дајк се соочи со Меси во полуфиналето на Лигата на шампионите кога Ливерпул успеа да ја елиминира Барселона, откако претходно беше поразен со 3:0 на „Камп Ноу“.