Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Сити, Кајл Вокер се најде во големи проблеми по скандалот што го направи за време на карантината во Велика Британија.
Англиски фудбалер ги прекрши правилата за изолација во домот на неверојатен начин со ангажирање на две проститутки за да се забавува во неговиот стан. На крајот, сето ова беше објавено во англиските медиуми, откако една од проститутките реши да зборува.
“Јас работам за агенција во Манчестер. Шефот ми се јави и ми рече дека клиент со висок профил бара друштво. Отидов на адресата, таму беше друга девојка. Бевме пречекани од пријател на сопственикот на домот, кој не знаев веднаш кој е тој. Имам и фотографии. “, забележа 21-годишната Луис Мекнамара.
Покрај неа беше и 24-годишно девојче од Бразил чие име Луис не сакаше да го открие. Луис едвај чекаше да открие што сторил Вокер и сега Вокер се соочува со жестока казна.
Сити започна истрага и Вокер може да биде казнет со парична казна од 250.000 фунти за кршење на правилата за изолација. Тој се извини веднаш откако беше објавена информацијата, но веќе беше предоцна.
Луис откри дека забавата траела околу три часа и дека Вокер платил за неа и за нејзината пријателка 2.500 евра.
“Кајл треба да знае како да се однесува. Тој прво ги покани гостите за забава и секс во неговиот дом, а следниот ден објави видео во кое ги советува сите да останат во изолација. Тој стави многу луѓе во опасност на таа забава”, изјави Луис за Сан.
Таа откри дека веќе некое време тоа го работи и дека Вокер не е првата славна личност со која се сретнала.