Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед наскоро планира да потпише нови договори со неколку фудбалери, а еден од нив е Маркус Рашфорд кој игра на врвно ниво.
Британските медиуми пишуваат дека „црвените ѓаволи“ се во завршни преговори и ќе потпише петгодишен договор со плата од 300.000 фунти неделно со Рашфорд.
Рашфорд во моментов има плата од 200.000 фунти неделно, додека најплатен е Давид Де Хеа со плата од 375.000 фунти, но му завршува договорот.
„Ѓаволите“ му нудат и нов договор на Де Хеа со плата од 290.000 фунти, па засега не е познато дали ќе биде прифатена од Шпанецот, но во секој случај Рашфорд ќе биде најплатен фудбалер.