Кој ќе шутира пенали за „ѓаволите“? Солскјер денеска ги реши сите дилеми!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу внимание привлече промашениот пенал на Пол Погба во мечот против Вулверхемптон (1-1). Французинот промаши шанса за три бода, а по мечот англиските медиуми објавија дека тренерот Оле Гунар Солскјер бил многу лут.

Наводно, потоа го поставил Маркус Рашфорд за главен при изведување пенали, но тоа на крајот се покажа како лажна информација, а тоа го покажа денешната изјава на Солскјер.

„Убеден сум дека Погба наскоро повторно ќе постигне гол од пенал. Постојано ги вежбаме, а Маркус и Пол се тие кои се задолжени за пенали на натпреварите. До нив е. Некогаш некој има повеќе самодоверба и ќе ја земе топката“, порача Солскјер.

Јунајтед во третото коло на домашен терен игра против Кристал Палас.