Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Ливерпул синоќа славеа со 4-0 против Барселона во реваншот од полуфиналето во Лига на шампиони (ЛШ), па со вкупни 4-3 обезбедија пласман во финалето.
Барселона во првиот меч стигна до предност од 3-0, а првиот гол го постигна поранешниот фудбалер на Ливерпул, Луис Суарез, кој жестоко го прослави и тоа не им се допадна на навивачите на тимот од „Енфилд“.
Уругваецот во реваншот водеше голема борба против Робертсон, па неколку пати стартуваше остро на него, поради што фудбалерот на Ливерпул на полувреме остана во соблекувалната.
Суарез по мечот како и остатокот на фудбалерите беше разочаран, но во првиот дуел имаше сосема различно расположение.
Покрај тоа што го постигна првиот гол, тој го прослави и им се смееше на навивачите на Ливерпул во лице, како и на Робертсон, но по одличниот настап на Ливерпул, Робертсон беше тој кој последен се смееше.