Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Велика Британија излезе од ЕУ, Реал одма има проблем, но ќе имаат и клубовите од Премиер лига.
Наједноставно, после одлуката на британскиот референдум, Реал мора да се ослободи од еден од четири странски играчи. Поточно, Герет Бејл повеќе не е фудбалер од ЕУ, тој е сега четврти, покрај Касемиро, Данило и Хамес Родригез.
Во претходните најави, шпанската федерација напомена дека нема да има исклучоци и дека клубовите ќе мораат да ги почитуваат правилата, но единствено Реал е во проблеми поради Велшанецот.
Се проценува дека Касемиро е сигурен, дека тешко ќе најдат купец за Хамес, па Бразилецот Данило може да го напушти Мадрид поради тоа што не беше на очекуваното ниво, и го загуби местото од Карвахал.
Но, од друга страна ефектите ќе бидат немерливи по Премиер лигата. Јасно, нивната доминација на треба да се доведе во прашање поради огромните пари и бидејќи пазарите се поделени, но сега нема да можат да доведуваат талентирани играчи од ЕУ, пред се од Франција.
Под овие нови правила, поточно во новата ситуација, околу 100 играчи во Премиер лигата нема да добијат работна дозвола бидејќи се странци, а немаат доволно број на настапи за репрезентацијата.
Интересно е да кажеме за ваква ситуација да била во минатото лето, Димитри Паје и Н`Голо Канте не би добиле работна дозвола и нема да можеа да потпишат за Лестер односно Вест Хем.
Значи, во иднина клубовите од ПЛ може да ангажираат врвни ѕвезди, но нема и играчи од средна класа од земјите на ЕУ. Тоа повеќе ќе ги погоди пониските ешалони на лиги, и клубовите кои немаат можност да купуваат најголеми ѕвезди.
Цените ќе пораснат, јасно, клубовите од континентот сега ќе бараат поголема сума на пари за тие фудбалери кои го исполнуваат критериумот за играње на островот, но не се мети на тие најголемите клубови.
Го земаме на пример Симоне Заза од италијанската репрезентација, кој е на мета на Вест Хем, Сандерленд, Кристал Палас. Него Јуве го плати 15 милиони евра, не е стандарден, во клубот но игра за Италија.
Сигурно дека сега цената ќе му порасне, бидејќи е тешко да се најде слична опција.
Играчите кои моментално се во Англија јасно, нема да бидат „протерани“ клубовите беа цврсто за останување во ЕУ, сега ќе бараат од министерството за внатрешни работи да олесни, одноно да ја прилагоди ситуацијата.
Како се тоа ќе изгледа, останува да видиме…