Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со години беше мистериозна девојка, но со преселбата на Кристијано Роналдо во Италија, Геогина Родригез стана центар на внимание во светската јавност.
Со 17 милиони фанови на Инстаграм таа е една од кралиците во Серија А, а минатата година и сама потпиша голем договор за да биде заштитно лице на познат бренд за долна облека и бикини.
Денеска нејзиниот живот изгледа како сон, но патот до успехот не бил едноставен. Таа се борела сама за тоа што го создала.
Родена е на 27 јануари 1994 година во Буенос Аирес, а претходно со семејството се преселила во шпанско градче каде што нејзиниот татко дошол поради фудбал. И тој бил фудбалер, но не стигнал подалеку од втората аргентинска лига.
По преселбата работел како тренер, а Георгина на четири години ја открила првата голема љубов. Тргнала во академија за танцување.
„Не бев убаво дете. Сигурно не бев најубава ниту во одделение. Едноставно, се чувствував нормално. Танцот ме научи на дисциплина“, вели Геоергина.
Таа на танцот вложила многу часови, денови, месеци и години, а еден ден решила да почне да се занимава со манекенство.
„Во училиште наеднаш почнаа да ми зборуваат дека сум убава, дека имам добро тело и почнав самата да верувам во тоа“, открива партнерката на Роналдо.
Набрзо добила шанса во Мадрид, но немала пари да го следи својот сон. Поради тоа, таа решила да патува во Бристол каде што учела англиски јазик и се работила.
„Бев чистачка, но тоа не ми беше проблем“, призна Георгина.
Кога собрала доволно пари, таа се вратила во Шпанија. Во Мадрид живееле со сестрата која студирала, но немале доволно пари. Имала голема желба за успех и поради тоа се вработила во една продавница во Мадрид каде што се запознала со Кристијано Роналдо, а останатиот дел го знаете сите.