Кокеза поднесе оставка, Видиќ ќе биде нов претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија?

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза реши да поднесе оставка од таа функција.

Во соопштението тој вели дека поднесува оставка затоа што е соочен со обвинувања и брутални напади.

„Сакам да ги известам моите сонародници, како и спортската и фудбалската јавност дека се повлекува од функцијата. За да обезбедам неопходен мир, подготвен сум за нова борба во која ќе ги демантирам сите напади на моето име и личност“, вели Кокеза.

На функцијата беше од 2016 година, а во неговиот прв мандат фудбалерите на Србија успеаа да изборат пласман на Мундијалот во Русија.

Како потенцијална замена за Кокеза се споменува поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Немања Видиќ.