Кокорин и Мамаев осудени на казна затвор поради нападот на министерот за трговија на Русија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Руските фудбалери, Александар Кокорин и Павел Мамаев добија затворски казни по хулиганскиот напад на министерот за трговија на Русија, Денис Пак.

Двајцата фудбалери со столици го нападнаа министерот Пак во еден кафе бар во Москва.

Фудбалерот на Зенит, Кокорин доби затворска казна од 18 месеци, додека Мамаев, кој ги бранеше боите на Красондар во затвор ќе помине 17 месеци.

И двајцата беа во притвор уште од октомври, кога се случи нападот и времето поминато таму ќе им биде пресметано во затворската казна.

И Кокорин и Мамаев се познати во руската јавност како контроверзни личности кои често знаат да предизвикаат инциденти. Двајцата добија исписници од своите клубови и веројатно ова ќе биде крај на нивната фудбалска кариера.