Кол Палмер е најлошиот кошмар за „ѓаволите“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси славеше во дербито против Манчестер јунајтед со 4-3, а најзаслужен за победата беше англискиот репрезентативец Кол Палмер кој постигна хет-трик.

На „Стемфорд бриџ“ беше забележан невиден спектакл, а посебно импресивен на теренот беше Палмер кој стрелаше во мрежата на „ѓаволите“ во 19. минута, а потоа и длабоко во судиското надополнување.