Колашинац и Озил дојдоа на тренинг, но со придружба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двоецот не беше отсутен поради повреда или слаба форма туку поради добро познатата ситуација со нападот кој се случи кон крајот на јули, но се чини дека ситуацијата полека се смирува.

Ѕвездите на Арсенал и понатаму се под 24-часовна заштита, околу нивните куќи можат да се видат и кучиња чувари, а тие веќе се појавија и на тренинг, со тоа што за разлика од порано, Колашинац во кампот го доведе соиграчот Шкодран Мустафи.

Од друга страна, Озил дојде со еден од своите луксузни автомобили, но возејќи се на совозачкото седиште, додека друго лице го управувало возилото.

Останува да се види дали Озил и Колашинац ќе бидат во конкуренција за саботниот натпревар на Арсенал против Барнли.