Колега на Елмас се сели во Реал Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на голманот Давид Оспина, кој брани во Наполи.

Оспина има договор со Наполи до јуни, по што би се преселил во Реал како слободен играч, а ќе биде резервна опција за Тибо Куртоа.

Овој 33-годишен голман во карирата бранеше уште за Арсенал, Ница и Атлетико Насионал од Колумбија.

Оспина во претходниот период најавуваше заминување од Италија, а сигурно ќе биде тешко да се одбие понуда ако пристигне од шпанскиот шампион.

Голманот во моментов вреди околу пет милиони евра, а за Наполи сезонава одигра 28 меча и 13 пати ја зачува мрежата.