Колекција од соништата: Педро си го додаде и трофејот од Лига Европа (ФОТО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Педро Родригез синоќа додаде уште еден трофеј во својата богата колекција, откако со Челси славеше со 4-1 во финалето во Лига Европа против Арсенал.

Пред трофејот во Лига Европа, Педро го освои Светското првенство, Европското првенство, Лигата на шампиони, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство, па така стана прв фудбалер, кој успеал да ги освои овие трофеи.

Од останатите трофеи Педро освои пет трофеи во шпанското првенство, трипати шпанскиот Куп, четири пати Суперкупот на Шпанија, Премиерлигата и ФА-купот.

„Многу работи во светов можат да ви се здосадат, но не и победите. Секогаш сакаш да победуваш, секогаш сакаш да освојуваш трофеи, без разлика колку ги имаш“, вели Педро.