Колкава сума ќе мора да исплати Перез ако го отпушти Зидан?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На францускиот стручњак Зинедин Зидан не му оди од рака во втората ера во Реал Мадрид.

Зидан одлучи клубот даа го напушти на летото во 2018. година и тоа после освојувањето на третата титула во Лигата на Шампионите, но само 10 месеци подоцна тој се врати во Реал бидејќи ситуацијата со тренерите и формата на тимот беше катастрофална.

Сепак, во мисијата за повраток на тимот на врвот се покажа дека не е револуционер како што се мислеше за него и дека неговата тренерска кариера ќе има падови.

Последниот пад го доживеа против ПСЖ пред две вечери во Лигата на Шампионите во Париз каде неговиот тим изгуби со резултат од 3:0.

Тоа јасно им покажа на Реал дека во овој момент не се ни близу до европскиот врв и многу од Мадриѓаните се откажаа кога е во прашање борбата околу некои од поважните трофеи.

Каталонски Спорт уште сега ги разгледува опциите околу промена на Зидан, но напоменува дека претседателот на Реал, Флорентино Перез тоа би го чинело цело богатство. Според пишувањето на овој весник, Перез на својот тренер би морал да му отплати и до 80 милиони евра во случај да сака да го отпушти.

Да се потсетиме, Зидан е назад во тимот веќе шест месеци а тој има потпишано договор на три и пол години.

Весникот Спорт веќе почна да погодува кој ќе биде негов заменик во случај тој да добие отказ, а според нивните сознавања тоа би можел да биде Жозе Мурињо.

Португалецот веќе подолго време е без работа, а дали повторно ќе се врати на клупата на Реал останува да видиме…