Колку чини рекетот кој Ѓоковиќ го скрши на Вимблдон?

Новак Ѓоковиќ доби казна затоа што искрши рекет во финалето на Вимблдон против Карлос Алкараз.

Еден навивач се пофали со скршениот рекет, а интересно е тоа што му бил подарен од Србинот по натпреварот.

„На крајот едноставно го прашав Новак – може ли да го добијам твојот скршен рекет и ми го даде“, кажа навивачот.

Иако цената на ваков нов рекет е 185 евра, сепак аукциска куќа објави дека сумата на скршениот рекет изнесува 4.000 евра.