Колку е важен Мбапе за ПСЖ покажува потегот на Макрон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе ова лето треба да си замине од ПСЖ и да потпише за Реал Мадрид, но колку е важен Французинот за Париз покажува и потегот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон има претседателски избори во моментов, но тоа не го спречува во обидите да го убеди Мбапе да остане во Париз.

Мбапе и Макрон имаат пријателски однос, а тие двајца комуницираа неколку пати, додека поддршка за останување во ПСЖ даде и Роналдињо.

„Мислам дека треба да остане. Но, во фудбалот многу работи се случуваат брзо. Не сакам никого да советувам, туку сакам да го видам среќен“, кажа Бразилецот.

Мбапе во ПСЖ стигна од Монако во 2017 година и со парижаните освои три шампионски титули во Лига 1.