Колку пари ќе заработува Мбапе во Реал Мадрид?


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе му се приклучи на Реал Мадрид со кој ќе се обиде следната сезона да освои нови пехари.

Откако беше потврден договорот меѓу двете страни, се појавија шпекулации за висината на платата која ќе ја заработува Мбапе.

„Би-Би-Си“ пишува дека Мбапе ќе добива по 15 милиони евра годишно, но напаѓачот ќе добие и бонус за потпис на договор од 150 милиони евра.

Сумата ќе биде исплатена на рати за да може да бидат исполнети барањата на финансискиот фер-плеј и „кралевите“ да избегнат потенцијална казна.