Колку пари заработи Партизан со настапот во Евролигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Партизан беа на чекор до пласман на Ф4-турнирот во Евролигата, но загубија од Реал Мадрид со 2-3 во четвртфиналето.

Без разлика на тоа што Партизан остана без место на Ф4-турнирот, српскиот тим заработи многу пари од Евролигата.

Партизан доби 645.112 евра од Евролигата, а притоа треба да се додаде и сумата од 825.000 евра за триумфи, па тоа значи дека добиле 1.470.112 евра.

Исто така, „црно-белите“ заработија и 600.000 евра само од билети за двата дуели против Реал Мадрид, кои се играа во Белград.