Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед вчера потврди дека нигерискиот напаѓач Одион Игало ќе остане на позајмица до крајот на јануари 2021. година.
Игало пристигна на Олд Трафорд оваа година на позајмица од Шангај Шенху и ги воодушеви фановите со неговите игри. Нигериецот постигна четири гола на осум натпревари, но после тоа сезоната беше прекината.
Проблемот за Црвените ѓаволи беше што тие договорија позајмица до крајот на сезоната, а истече вчера. Но, додека се очекуваше Игало да се врати во Кина, клубовите на крајот успеаја да постигнат договор за продолжување на заемот.
Јунајтед потврди дека Игало ќе остане на „Олд Трафорд“ до крајот на јануари следната година. И во Шангај се среќни затоа што добија повеќе пари отколку што очекуваа.
Имено, англиските медиуми пишуваат дека Јунајтед не му штети продолжувањете на заемот за Нигериецот и дека дополнителните седум месеци од неговиот престој на Театарот на соништата ќе ги чинат дури 12 милиони евра.
Првиот дел од заемот, кој траеше пет месеци, го чинеше Јунајтед нешто повеќе од пет милиони евра.