Коло Туре со јасен став: Ван Дајк е врвен играч, има само една мана


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Поранешниот стопер на Арсенал и Ливерпул, Коло Туре е воодушевен од фудбалерот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк.

Според Туре, Ван Дајк сепак има една мана, а тоа е дека би можел да се мачи ако го нападнете еден на еден.

„Неверојатен играч е, брз, висок, скока, технички е добар, може да ја промени играта со долги пасови. Има се. Сепак, не сум видел многу играчи да одат со него еден на еден, според мене тоа му е слабост. Многу е висок и ако го нападнете со топка, може да се мачи, но од друга страна е многу паметен и тогаш паметно се повлекува“ –изјави Коло Туре кој го носеше дресот на Ливерпул од 2013 до 2016 година.