Комедија: Една грешка, втора и на крај смешен гол – и тоа без Мегваер! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал го совлада Манчестер јунајтед со 3-1 во 34. коло од Премиерлигата, а повторно дефанзивците на тимот на Ралф Рангник беа ужасни.

Цел меч го одбележа катастрофална реакција на одбраната на Манчестер јунајтед при првиот гол, и тоа уште во третата минута.

На оваа средба не играше Хари Мегваер, кој е најскап дефанзивец во историјата и кој беше најкритикуван поради лошите резултати, но очигледно проблемот не е само во него.

И во негово отсуство, одбраната на Јунајтед делуваше смешно за противничкиот напад, а тоа се забележа при првиот погодок на Арсенал.

Прво Виктор Линделоф ја промаши топката, а потоа лош беше и Алекс Телес, а топката дојде до Букајо Сака. Неговиот удар го одбрани Де Хеа, но Таварес потоа без проблеми му ја затресе мрежата.