Комедија во НБА-лигата: Кошаркар бараше од судијата да го исклучат – татко му! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дуелот меѓу Хјустон рокетс и Лос Анџелес клиперс синоќа привлече големо внимание, а тоа беше меч меѓу татко и син. Дресот на Рокетс го носи Остин Риверс, додека легендарниот Док е тренер на клубот од Лос Анџелес.

Док овој меч не го водеше до крајот. Поради жестоки протести беше исклучен во финишот од мечот, а на паркетот се случи комична ситуација.

Додека постариот Риверс се жалеше кај судијата, Остин стоеше на неколку метри од него и бараше од судијата да му покажат техничка грешка на татко му и да го исклучат од мечот, а на крајот се случи тоа.

„Го видов тоа. И требаше така да реагира“, порача Док по мечот.