Коментарот на Озил по поразот на Германија предизвика бура: Време е за враќање…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Репрезентацијата на Германија доживеа дебакл во средбата против Шпанија и загуби со 0-6, а тоа беше еден од нивните најтешки порази во историјата.

По поразот се јави и еден од отпишаните репрезентативци, Месут Озил, кој во ерата на Јоаким Лев беше отпишан заедно со Жером Боатенг и Томас Милер, а Озил реши да испрати порака по синоќешниот дебакл.

„Време е да го вратите Жером Боатенг“, порача Озил на Твитер.

Одбраната на Германија во последните неколку натпревари изгледа катастрофално, односно Германците примаат многу голови и одамна не изгледале толку лошо на теренот.