Коментаторите на „Арена Спорт“ ги „запалија“ навивачите на Вардар (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Коментаторите на „Арена Спорт“, Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ предизвикаа ерупција воодушевување на дочекот на ракометарите на Вардар во Скопје.

Македонските телевизии не го пренесуваа завршниот турнир во Келн од Лигата на шампиони, а коментаторите на „Арена Спорт“ со емотивните преноси ги освоија македонските навивачи.

Коментаторите добија огромен број честитки за нивните преноси, па кога пристигнаа во Скопје, тие ја „запалија“ масата на луѓе кои беа на градскиот плоштад.

„Ова е неверојатно искуство, чест и привилегија. Стеван и јас ја сакаме работата и се трудевме да ја одработиме како што треба. Овде сите нè почитуваат, не можам да ги опишам емоциите во моментов“, вели еден од коментаторите.