„Комити“: Дали и по ваквата разврска во ФК Вардар, надлежните ќе имаат затворени очи?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Комити“ имаа успешна акција за спас на Вардар, при што се продадоа огромен број на билети, а парите требаше да му помогнат на тимот да функционира нормално колку што може.

Вардар одигра одлично дерби против Пелистер, а на крајот дуелот заврши 2-2, по што „Комити“ објавија соопштение на социјалните мрежи.

„Дали и после ваквата разврска на работите во ФК Вардар, надлежните ќе имаат широко затворени очи?Дали и после резултатот рамен на подвиг, во ситуација кога е остварен со само неколку тренинзи, без вистински подготовки, без контролни натпревари, со скрпен тим составен од дебитанти, кои преземаа одговорност да го ја носат на својот грб тежината која ја има титанот од Скопје, ќе бидете неми и глуви на се што се случува?Нели е доволна веста дека Градскиот Стадион е Распродаден, на домашен првенствен натпревар, за да направите барем еден мал чекор во интерес на Вардар?Нели е срамота вака да биде понижуван клубот, и да бара место каде да тренира додека притоа има своја база и тренинг камп, па и Академија?Дали има смисла овој деспотски и душмански однос кон она што е светост за нас, за Скопје и клуб со кој се идентификуваат сите Македонци, каде и да се?Кој ви дозволи да ги ставате вашите лични интереси пред интересите на клубот?Со кој памет го користите Вардар како оружје во некои други битки, кои немаат допирна точка со клубот?Бевме трпеливи во интерес на Вардар…Се подредовме на една возвишена и искрена цел позади која се препозна цел еден народ Македонски.Ние имаме должност кон тој народ, кој се сплоти позади нашиот бајрак, да го спремиме финалето, и да реализираме јавно тоа што го ветивме.Јавно даваме налог до ФК Вардар да се спремат плати на фудбалерите, кон Пасворд Продакшн (МК Тикетс) да ја спремат сумата на уплатата потребна откако ќе се добијат налозите за Февруари и Март, и кон УЈП да најде модус да се реализираат средствата за актуелниот играчки состав по МПИН-овите.Ве повикуваме вас искрени Вардарци и народе Македонски, да бидете будни и се повеќе активно да се вклучувате во битката која е заедничка, а во рововите засега се само мал дел од армијата црвено црна.Ние сме последна линија на одбрана не само за нашиот Вардар, туку и многу повеќе од тоа. Застанете со нас, заедно можеме и да поместиме планини ! Но и кога сме заедно, никаква сила не може да ја помести нашата планина, составена од искрена љубов и чисти идеали“, напишаа Комити.

Дали и после ваквата разврска на работите во ФК Вардар, надлежните ќе имаат широко затворени очи? Дали и после…

Posted by Komiti Skopje on Sunday, February 21, 2021