Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Вардар собраа 3.338.100 денари од нивната акција „купи билет за спас на Вардар“ откако продадоа неверојатни 33.381 билет за натпреварот против Пелистер.
Комити имаа прес-конференција и кажаа дека бил платен данок од 500.000 денари и провизија на „МК Тикетс“, додека остатокот од парите, односно 2,6 милиони денари завршил кај фудбалерите.
„Урнат е секој можен рекорд. Продадовме 33.381 билет, а остваривме приход од 3.338.100 денари, додека 2,6 милиони денари завршија кај фудбалерите и останатите во тимот. Вардар ќе живее“, порачаа Комити.