Комити по срамот на Вардар: Спиете ли мирно Шилегов и Самсоненко?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот тим Вардар доживеа уште еден дебакл, овој пат во Кратово со пораз од 0-6 против Силекс и така падна во зоната за испаѓање.

На седум кола до крајот на сезоната Вардар се наоѓа на претпоследното место, а најверните навивачи на тимот, Комити испратија порака преку социјалните мрежи.

„Да се биде присутен и да се гледа Вардар во Кратово денес е казна Божја.
За да се долови Мизеријата, доволно е да се напомене дека при резултат од 6:0 најдобар поединец беше голманот Илиќ, и само уште еден достоен да го носи дресот на Вардар беше ветеранот Шиле. За другите што да се каже – статисти, манекени и повеќе играчи и асистенти на противничкиот тим отколку на Вардар.
Одбрана швајцарско сирење !
Средина непостоечка !
Напад јалов !
Вакво газење на честа на клубот е незапаметено и крајно недозволиво, и време е за радикални промени но и да се сносат последиците.
Нема повеќе никакво алиби !
Време е да почнеме со име и презиме да ги прозиваме душманите на клубот.
Време е за одговорност !
Спиете ли мирно Сергеј Самсоненко и Петре Шилегов?“, напишаа Комити.

Да се биде присутен и да се гледа Вардар во Кратово денес е казна Божја. За да се долови Мизеријата, доволно е да се…

Posted by Komiti Skopje on Sunday, April 11, 2021