„Комити“ се мобилизираат – ќе помогнат во гаснење на пожарите во Македонија!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Навивачката група на Вардар, „Комити“ објави мобилизација за помош во гаснењето на пожарите во Македонија.

Собирот на членовите кои сакаат да помогнат е 17 часот кај „Шарлота“, а половина час подоцна ќе тргнат кон Свети Николе за да помогнат во гаснењето.

„ТРИБИНАТА-ЗА ТАТКОВИНАТА!

Републиката е повторно во пламен. Ние сме подготвени за борба!

Групата прогласува ОПШТА МОБИЛИЗАЦИЈА на членството и ги повикува сите кои сакаат да помогнат!

Собирот започнува утре во 17:00ч

Локација: Шарлота

Дојдете со автомобили, и носете со себе:

・Чизми, маски за лице и капа

・Долги пантолони (не памучни)

・Шишиња со вода

・Лопати и гребла

・Мокри кебиња за безбедност

НАПОМЕНА: Организиран превоз нема. Затоа дојдете со што е можно повеќе автомобили. Ќе се организираме!

Тие кои не можат да дојдат, нека донираат опрема и се што можат од горе наведеното.

Во 17:30ч. ќе се упатиме сите заедно кон Свети Николе, каде што во моментов пожарот уништува цели животи на луѓе.

Веднаш започнете со организација и мобилизација. Одиме сите заедно – за македонски градови и села!

ПРВИ ДА ТЕ БРАНИМЕ“, соопштија „Комити“.