До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Баерн Минхен планира да го зајакне својот тим летово, а еден од главните целни играчи е – Ентони Гордон.
Веќе имаше неколку текстови на оваа тема, Гордон е најдобриот фудбалер на Њукасл и се цени на околу 75 милиони евра, па беше големо прашање дали Баерн ќе плати толку висока сума за фудбалер кој може да биде резервист следната сезона и некој кој ќе се бори за место во тимот со Луис Дијас.
Но, новите шампиони на Германија работат упорно за трансферот да се случи.
Винсан Компани даде одобрување за овој трансфер, имајќи предвид дека се чекаше и неговото изјаснување.
Баерн ќе се обиде најпрво со понуда меѓу 50 и 60 милиони евра, за да ја зајакне својата преговарачка позиција.
















