Компани со одличен гест, одлучи на сите играчи на Андерлехт да му го плати тоа што клубот не може


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пандемијата со коронавирусот зададе силен удар и во финансиите и на поголемите европски клубови.

Имун не остана ни Андерлехт кој има големи финансиски загуби, а иако е минимална шансата, постои и страв од банкрот на овој клуб.

Клубот како и многу други клубови се одлучи за скратување на платите и трошоците на играчите, но играчите наводно одбивале такво нешто.

Искусниот Компани кој е капитен на Андерлехт, а ја има и улогата на тренер, одлучи на совите соиграчи да им го понуди целиот негов износ кој клубот би му го исплатил. Овој гест капитенот го сторил за тимот да остане единствен и ситуацијата да не избувне поради кратењето на платите.