Компани веднаш на тренерската клупа, ќе го има своето деби во недела


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Винсент Компани ја заврши играчката кариера и веднаш најде тренерска работа.

Компанија помина 11 години во Манчестер Сити и потоа се врати во Андерлехт каде беше играч и менаџер. Тој сега ја заврши кариерата и потпиша четиригодишен тренерски договор со овој клуб.

„Сакам целосно да се посветам на тренерството и ми треба време да бидам фокусиран на тоа. Затоа ја завршив кариерата!“, рече Компани.

„Мојата цел е Андерлехт да игра модерен фудбал“, додаде тој.

Компани освои четири титули во англиската лига со Сити, а го носеше дресот на белгиската репрезентација 89 пати.

Своето деби ќе го направи на клупата на Андерлехт в недела против Мускрон.