Компани жестоко се расправаше со сопствените навивачи бидејќи Мињоле беше погоден од петарда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За Андерлехт оваа сезона не се одвива на начинот на кој сакаат фановите на трофејниот клуб од Брисел.

Во дерби натпреварот од 22 коло од Јупилер лигата, Андерлехт беше поразен од Клуб Бриж 1:2. Во судиското надополнување видена е вистинска драма.

Голманот на гостите, Симон Мињоле, кога требаше да ја внесе топката во игра навивачите на Андерлехт почнаа да фрлаат петарди кон поранешноиот голман на Ливерпул.

Еден петарда експлодираше во близина на Мињоле кога Компани ја стапи на сцена и жестоко викаше кон своите навивачи.

После тоа, искусниот стопер му се приближи на Мињоле и му рекол дека може да ги брани преостанатите минути од натпреварот без никаква грижа.

После 22 одиграни натпревари, Андерлехт заостанува со 25 поени позади водечкиот Клуб Бриж, поради што не е изненадувачки што навивачите на бриселскиот гигант не се задоволни.