Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓите на Интер и Јувентус, Мауро Икарди и Пауло Дибала ги постигнаа првите голови за репрезентацијата на Аргентина.
Гаучосите на пријателскиот натпревар го совладаа Мексико со 2-0, а после долго чекање, Икарди и Дибала конечно постигнаа голови во националнио дрес.
За Икарди ова беше посебен ден. Веќе во втората минута погод и стигна во својот прв погодок во дресот на националниот тим.
„Голот е она што ми недостигаше. За среќа, конечно постигнав. Среќен сум, долго време го чекав. За напаѓач најтешко е кога не постигнува голови. Се надевам дека вака ќе продолжам“, истакна Икарди после натпреварот.
#SelecciónMayor Así convirtió Mauro Icardi su primer gol con la Mayor. pic.twitter.com/cjVNBwUUM3
— Selección Argentina ?? (@Argentina) November 21, 2018
Дибала исто така е среќен поради погодокот, но имашпе што да каже и за атмосферата во тимот која владееше во минатото.
„Сега сме сите во одлични односи. Во минатиот циклус нема премногу тимски дух и пријателство. Меѓутоа, се надевам дека вака ќе продолжиме. Тргнавме од дното и сакаме од самиот почеток да оставиме добар впечаток“, истакна Дибала.
#SelecciónMayor Conduce @simeonegiovanni y define la Joya. Primer gol de @PauDybala_JR con la Celeste y Blanca ?? pic.twitter.com/HHEcFU5bP3
— Selección Argentina ?? (@Argentina) November 21, 2018